Медицинска сестра шприцевите ги полнела со физиолошки раствор, наместо со вакцини
Локалниот функционер Свен Амбрози рече дека „случајот е шокантен“ и дека веднаш се воведени дополнителни проверки што се однесува на подготовката на вакцините.
Работничка во германскиот центар за вакцинирање признала дека шест инјекции наполнила со физиолошки раствор место со вакцина против коронавирус на фирмата „Фајзер/Бионтек“.
„Филиолошкиот растор е безопасен и не постои здравствен ризик за оние на кои им е вбризган“, рече денеска Матиас Пулц, претседател на државната канцеларија за здравство на ДОлна Саска.
Според извештаите, вработената во центарот во Фрисленд го испуштила шишенцето со физиолошки раствор меѓајќи го со вакцината, па се обидела тоа да го прикрие.
Локалниот функционер Свен Амбрози рече дека „случајот е шокантен“ и дека веднаш се воведени дополнителни проверки што се однесува на подготовката на вакцините.