Медицинска сестра се онесвести откако ја прими вакцината против ковид-19 ВИДЕО

Одеднаш ме погоди, можев да почувствувам како доаѓа. Се чувствував малку дезориентирано, но сега се чувствувам добро и болката во раката исчезна – вели Довер.

2,942

Медицинска сестра од Тенеси се онесвестила на прес конференција вчера, откако ја примила вакцината против ковид-19 на Фајзер.

Тифани Довер зборувала за медиумите за првата вакцинација на здравствените работници кои се на првата линија во борбата против ковид-19, и одеднаш се онесвестила, пренесува „Washington Times“. Снимката брзо се проширила на социјалните мрежи.






Таа ја примила вакцината против ковид-19 на Фајзер, а 17 минути подоцна почнало да и се врти во главата, се извинила на новинарите и паднала пред да успеат да ја фатат лекарите кои стоеле до неа.

– Одеднаш ме погоди, можев да почувствувам како доаѓа. Се чувствував малку дезориентирано, но сега се чувствувам добро и болката во раката исчезна – вели Довер.

Таа нбрзо се опорзвила и повторно разговарала со медиумите, таа рекла дека често се онесвестува кога ќе почувствува болка.

– Тоа за мене е вообичаено – додала Довер.

Лекарите рекле дека оваа епизода на губење на свеста не е поврзана со вакцината на Фајзер.

Поврзани содржини