Медицинска сестра позитивна на ковид-19 го затвори штипскиот Центарот за лица со попреченост
Вработените и децата кои го посетувале Центарот ќе бидат во изолација две недели.
Две недели ќе биде затворен Центарот за лица со интелектуална и физичка попреченост во штипската населба Ново Село откако една медицинската сестра е позитивна на ковид-19. Епиемиолозите веќе направија анкета и се изолирани и децата кои го посетуваат овој центар.
Директорката на Центарот за социјални работи, Златка Иванова информира дека се изолирани седум корисници на центарот и четворица вработени.Тврди дека се работело според препораките, со визири, ракавици и маски, а поради блискиот контакт поради хигена или хранење на корисниците, висок е ризикот за пренесување на вирусот.
Центрите за лица со интелектуална или физичка попреченост се отворени пред шест дена, ова е прв случај на појава на вирусот меѓу вработени во овие центри.