„МЕДЕНИЦА“ ДО ЦИГОВСКИ Можеби ќе нѐ избркате од „вашето“ Маврово, ама нема да ни ја одземете желбата за скијање

Би сакале Циговски јавно да го прашаме следново: Дали сите клубови плаќаат за тренинг на деца во Ресорт Маврово и тоа 12.000 денари за 2,5 часа и 24.000 денари за 5 часа тренинг, или тоа важи само за Ски клуб „Меденица“?, реагираат од Клубот.

2,801

Можеби можете да нѐ избркате од вашето Маврово, но насмевката и желбата за скијање на нашите деца нема никогаш да ни ја одземете, му одговорија од ски клубот „Меденица“ на Огњан Циговски од Скијачката федерација на Македонија откако тој на писмено им одговорил дека нема можност овој клуб да одржува тренинзи во Ресортот Маврово.

Клубот се огласи по повод последните случувања во Скијачката федерација на Македонија и демантот објавен од страна на Огњан Циговски, во кој вели дека во Ресортот Маврово сите клубови имаат можност да тренираат.






„Би сакале Циговски јавно да го прашаме следново: Дали сите клубови плаќаат за тренинг на деца во Ресорт Маврово и тоа 12.000 денари за 2,5 часа и 24.000 денари за 5 часа тренинг, или тоа важи само за Ски клуб Меденица’? Зошто за Ски клуб Меденица’, и покрај тоа што фактурите за тренинг ги плаќаше редовно и авансно (како што Вие баравте) нема можност за тренинг на капии во Ресорт Маврово?“, велат од ски клубот.

Од Ски клубот Меденица“ велат дека своите тренинзи на капии ги одржуваат и на Попова Шапка, Копаоник, Крањска Гора, Хинтертукс Австрија итн. и тврдат дека никаде и на ниту еден клуб не им биле побарани пари за тренинг.

Оттаму ја прашуваат Федерацијата дали се почитува правилникот за регистрација на натпреварувачи и кој дозволил натпреварувачи без лекарско уверение да настапат на трка во организација на СФМ?

– Дали чувствувате лична одговорност за 20 пати помалите ваучери што СФМ и клубовите ги добија оваа година? По кои критериуми ги поделивте средствата од игри на среќа што Ви беа дадени од АМС? По кои критериуми ги финансирате ФИС натпреварувачите? Дали Вашите критериуми се подобни и неподобни. И за крај сакам да ви порачам дека можеби можете да нѐ избркате од вашето Маврово, но насмевката и желбата за скијање на нашите деца нема никогаш да ни ја одземете – порачува Бранислав Лазаревски од ски клубот „Меденица“.

Поврзани содржини