МЕДАТ КУРТОВСКИ ПОБЕДИ ВО МАВРОВО – РОСТУШЕ За него гласаа 3.238  гласачи

Неговиот противкандидат д-р Мехмед Џафери доби 1.900 гласа.

530

Според првичните резултати на ДИК Медат Куртовски  води на изборите за градоначалник на Општина Маврово-Ростуше.

За него гласале  3.238  гласачи, а  неговиот противкандидат д-р Мехмед Џафери доби  1.900 гласа.






Куртовски од своја страна се заблагодари на поддршката на сите оние кои дале глас за него.

-Се заблагодарувам и на мојот противкандидат д-р Мехмед Џафери и аплауз и за него. Се заблагодарувам за фер кампањата и фер односот и се надевам дека и понатаму ќе работиме заедно сите во интерес на сите наши граѓани без разлика кој за која политичка партија гласа. Ние сме тука мала општина и мораме заедно да работиме во интерес на сите граѓани. Оваа огромна победа за нас значи и огромна одговорност и јас ветувам дека чесно и одговорно ќе работиме и ќе ги реализираме сите проекти за нашите населени места. Да живее Маврово-Ростуше, да живее СДСМ, да живее РС Македонија –  рече Куртовски.

Изборот му го честита и лидерот на СДСМ Димитар Ковачевски.

Поврзани содржини