МЕДАТ КУРТОВСКИ ИЗИГРАВА „РАМИЗ МЕРКО ОД АЛИЕКСПРЕС“ Ќе купува лимузина од 57.000 евра, обвинува ВМРО-ДПМНЕ
„За време на незапаметена енергетска, финансиска криза и најголема инфлација, градоначалникот решил да проживее на грбот на сиромашкиот народ, кој сѐ помасовно се иселува од нашата општина“ - тврди ОО на ВМРО-ДПМНЕ во Маврово-Ростуше.
Советот на општина Маврово-Ростуше од општинскиот буџет издвоил 3.500.000 денари (околу 57.000 евра) со намена – „купување на други моторни возила“. Општинската организација на ВМРО-ДПМНЕ, која ја објави оваа информација на својот профил на Фејсбук, тврди дека градоначалникот на општината Медат Куртовски со овие пари има намера да купи ново луксузно возило за сопствени потреби.
„Градоначалникот Медат Куртовски решил да стане Рамиз Мерко (од Алиекспрес) па за таа намена во буџетот на Општината за свое луксузирање решил да потроши 3.500.000 (три милиони и петстотини илјади) денари за купување на ново луксузно возило за сопствени потреби, со пари на граѓаните. За време на незапаметена енергетска, финансиска криза и најголема инфлација, градоначалникот решил да проживее на грбот на сиромашкиот народ, кој сѐ помасовно се иселува од нашата општина“ – тврди ОО на ВМРО-ДПМНЕ во Маврово-Ростуше.