МЕДАРИ, ТЕНДЕРИ, КОАЛИЦИИ, КОЛАПС Партиите со обвинувања за тоа кој е виновен за случувањата во ЈСП

Тендер коалицијата Арсовска СДСМ го упропастуваат градот. Навистина е жално што трпи град од 600 илјади жители. Жално е што гледаме како претпријатие по претпријатие нешто што со години е градено оди во неповрат, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

167

Скопјани утринава се без градски превоз, поради штрајкот на вработените на ЈСП, кои бараат од раководството да им се исплати септемвриската плата, од СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ си поделија обвиненија кој е виновен за случувањата во јавното претпријатие.

– Додека владата и Данела Арсовска си ја префрлаат топката кој е виновен, скопјани страдаат. Денес штрајкот во ЈСП е последица на двојната неспособност на владата и на Данела Арсовска. Нивната коалиција се гледа и во гласањето во градот Скопје, каде СДС, дел од крилото на ДУИ беа против итноста на седница каде ќе се префрлат пари за вработените во ЈСП. Против тоа беше и неспособната медарка Данела Арсовска. Тендер коалицијата Арсовска СДСМ го упропастуваат градот. Навистина е жално што трпи град од 600 илјади жители. Жално е што гледаме како претпријатие по претпријатие нешто што со години е градено оди во неповрат – велат од ВМРО-ДПМНЕ.






Од СДСМ, која во Советот на градот делува како опзициска партија велат дека меспособните медари од ДПМНЕ и нивната градоначалничка го заглавија ЈСП во долгови.

– Медарите од ВМРО-ДПМНЕ и нивната некогаш најдобра градоначалничка уште еднаш на дело ја покажаа својата неспособност и заедно го заглавија Јавното сообраќајно претпријатие во долгови. Иако од буџетот на Град Скопје оваа година за ЈСП се наменети 8,6 милиони евра, долгот на ЈСП е драстично зголемен. Направен е долг од 1 милион евра за една година – соопштија од СДСМ.

Оттаму прашуваат дали шпицниот градоначалник Мицкоски и неговата некогашна штитеничка Арсовска ги ставиле рацете во медот и во ЈСП?

– Јавно да одговорат дали во изминатава година е потпишан анекс договор, без никаква спроведена постапка на договорот за снабдување со нафтени деривати со кој секој литар гориво е поскап за 5,6 денари? – велат од СДСМ.

Како што стои во партиското соопштение Мицкоски и Арсовска се зафатени со тендери и провизии, па заборавија на граѓаните и вработените во јавните претпријатија.

– Пред една година Мицкоски и Арсовска заедно на скопјани им ветуваа бесплатен јавен превоз, а сега јавниот превоз воопшто го нема, ЈСП е во колапс. Џабе се обидуваат да ја префрлат вината врз Владата. Долг на Владата во ЈСП нема. Токму нивната неспособност е причина за катаклизмата во ЈСП и хаосот со јавниот превоз. Тоа е единствена причина зошто вработените во ЈСП немаат земено плата. Тоа е причина зошто штрајкуваат возачите, а граѓаните не можат да користат јавен превоз, за своите секојдневни обврски, да одат на работа, на факултет, на училиште, на лекар, на пазар.. За само една година неспособноста на ДПМНЕ и Арсовска  го направи она што досега не се случило во Град Скопје – за прв пат скопјани се оставени без јавен превоз – велат од СДСМ.

Поврзани содржини