📽️ МЕДАЛИТЕ ОД ПАРИЗ ВЕЌЕ ГО ЗАГУБИЈА СЈАЈОТ Олимпијците незадоволни од одличјата, ама тие од Токио сѐ уште блескаат
Данскиот бадминтон натпреварувач Виктор Акселсен освои златни медали во Токио 2020 и Париз, па ги спореди. Олимпискиот медал од Токио изгледа многу подобро од оној од Париз.
Неколку олимписки победници од Париз не се задоволни од квалитетот на освоените медали. Американскиот скејтбордер Нијах Хјустон го снимаше својот медал и рече дека неговата бронза од Париз е веќе во лоша состојба. Хјустон освои бронза во екипна конкуренција за Сoeдинетите Американски Држави, а седум дена по освојувањето на медалот го критикуваше квалитетот на бронзениот медал.
Данскиот бадминтон натпреварувач Виктор Акселсен освои златни медали во Токио 2020 и Париз, па ги спореди. Олимпискиот медал од Токио изгледа многу подобро од оној од Париз.
Tokyo 🥇vs. Paris 🥇 pic.twitter.com/rkZyRKcuY3
— Viktor Axelsen (@ViktorAxelsen) August 11, 2024
Што се однесува до златните медали, тие не се целосно златни. Само на Игрите во 1904, 1908 и 1912 година медалите беа целосно направени од чисто злато. Интернационалниот Олимписки Комитет воведе норма според која шест грама чисто злато влегуваат во златниот медал на Олимписките игри. Останатите 523 грама употребени за златниот медал се од сребро со минимална чистота од 92,5 проценти.