МЕЦИНОВИЌ СЕ ЗАБЛАГОДАРИ НА ПОДДРШКАТА „Надежта ќе ја претвориме во реалност во вториот круг“

Она кое го изградивме во изминатите недели е показател дека искреноста и креативноста и понатаму допираат до луѓето, вели кандидатот на Левица за градоначалник на Град Скопје, Амар Мециновиќ.

221

Скопјани мои најмили, ви благодарам од сè срце, за сите кои го дадоа својот глас, сите волонтери и активисти, сите кои агитираа, споделуваа и крајно веруваа дека Скопје заслужува повеќе, рече денеска кандидатот на Левица за градоначалник на Град Скопје, Амар Мециновиќ.

– Она кое го изградивме во изминатите недели е показател дека искреноста и креативноста и понатаму допираат до луѓето. Почнавме со замисла дека политиката може повторно да делува човечки. Сега кога веќе дојдовме до вториот круг, изборот е јасен: стариот систем кој го истроши градот и новиот кој заедно го градиме, кој ќе го стави колективниот интерес пред партискиот. Ова движење никогаш не се однесуваше на мене како кандидат, туку на сите скопјани кои одбраа да се надеваат наместо да се предадат – вели Мециновиќ.






Надежта ќе ја претвориме во реалност во овој круг, додава тој, со храброст, достоинство и со неизмерна љубов кон сопствениот град.

– Скопје се разбуди. Сега сопствените соништа ќе ги види на јаве – порача  Мециновиќ.

 

Поврзани содржини