📷 МЕЧКА СТРАВ, МЕНЕ 500 ЕВРА Општина Пласница му додели финансиска помош на храбриот Минче
Наградата од 30.000 денари за нашиот сограѓанин е наполно заслужена, бидејќи тој со својата храброст успеа да се спаси по агресивен напад од дива мечка, рече првиот човек на Општина Пласница.
Општина Пласница донесе одлука на својот сограѓанин Минче Рамчески да му додели финансиска помош од 30.000 денари за претрпен страв и храброст по напад од кафеава мечка.
Финансиската помош на седумдесет и шестгодишниот Рамчески му ја додели првиот човек на општината, Алија Јаоски.
– Наградата од 30.000 денари за нашиот сограѓанин е наполно заслужена, бидејќи тој со својата храброст успеа да се спаси по агресивен напад од дива мечка. По примерот на општина Пласница ги повикувам да тргнат и повеќемина наши сограѓани од дијаспората, родум од Пласница, да се приклучат на овој хуман чин и во границита на своите можности да го подржат нашиот сограѓанин Минче Рамчески, по неговата неочекувана средба со мечка, да го надмине овој кризен период – истакна градоначалникот и нагласи дека ниту еден придонес не е мал и секоја помош има значаен удел во неговото емоционално заздравување.