📽️ МЕЧКА СО МЕЧИЊАТА СЕ БАЊА ВО РАДИКА Редок призор од македонската дивина

Мечка со две мечиња е снимена како се бања во реката Радика во редок момент од дивината. Снимката е објавена од „Ривер Радика“ и ја доловува пролетта во природата.

1,261

Редок и впечатлив призор е забележан покрај реката Радика. Мечка со своите две мечиња била снимена како се бања во реката. Сцената ја доловува природата во најчиста форма. Животните уживаат во првите денови од пролетта .

„Поглед што ретко се гледа – мечка со своите мали фатени на камера покрај Радика“, се наведува во објавата на „Ривер Радика“.






Вакви сцени ретко може да се видат во дивината.

Автор на видеото е Един Исмаили. Тој успеал да го забележи овој несекојдневен момент од животот на дивите животни.

Поврзани содржини