МЕЧКА СЕ ПОЈАВИ ВО ПАРКОТ „ГРМИЈА“ Приштина го затвори паркот додека се пронајде животното
Ловочуварите и полицијата се обидуваат да ја лоцираат мечката, а со цел да избегнат каква било опасност.
Градот Приштина одлучи да го затвори паркот „Грмија“ откако вчера во него беше забележана мечка.
Во соопштението на градските власти се наведува дека постои можност животното да дошло до планинските патеки што водат до планината Голеш.
Ловочуварите и полицијата се обидуваат да ја лоцираат мечката, а со цел да избегнат каква било опасност. Паркот Грмија ќе биде затворен за граѓаните до понатамошно известување, пишува Косово онлајн.
Приштинскиот градоначалник Шпенд Ахмети апелираше до граѓаните од овој град да избегнуваат да го посетат паркот „Грмија“, каде што денеска беше забележана мечка.
Ахмети на Фејсбук напиша дека добил информации за појавата на мечки во овој парк од косовската полиција.
„Принудени сме привремено да го затвориме паркот Гермија до локализацијата на мечката која денес ја забележаа граѓаните. Ви благодариме на разбирањето!“, напиша Ахмети.
Паркот на природата „Грмија“ се наоѓа во источниот дел на Косовската котлина во непосредна близина на Приштина и со своите богати содржини е главно излетничко место за жителите на косовскиот главен град.