📽️ МЕЧКА СЕ НАГОСТИ НА СОФРА ВО ОТУЊЕ Домаќинот се скрил во куќата и ја снимал со мобилен

Членовите на семејството во моментот биле внатре во куќата. Од влезната врата го снимиле животното кое без страв шетало по терасата и се качило на масата.

2,840

Мештани на тетовско Отуње со мобилен телефон успеале да го снимат моментот кога мечка се качила на тераса од нивната семејна куќа и почнала да ја јаде оставената храна, јави „Тетово инфо“.

Членовите на семејството во моментот биле внатре во куќата. Од влезната врата го снимиле животното кое без страв шетало по терасата и се качило на масата.






Слични случаи летово биле забележани и во соседните села Сетоле и Једоарце. Камери за видеонадзор снимиле мечки кои демолираат пчеларници и бараат остатоци од храна околу куќите.

Исто така, на социјалните мрежи се појави снимка од мечка со три мали мечиња во тетовското село Беловиште. Тамошните жители велат дека мечките во последно време сè почесто се сретнуваат во подножјето на Шар Планина.

📽️ МЕЧКА СО СВОИТЕ МЕЧИЊА СНИМЕНА НА ПОДНОЖЈЕТО НА ШАРА Жителите на Беловиште не се изненадени

Поврзани содржини