Мечка паднала во бунар во Босна, мештаните ја извлекувале со трактор ВИДЕО

801

Необичен инцидент се случил во Босна и Херцеговина, во близина на Козо кај езерото Рамско.

Мечката била во бунарот полн со вода, но некако успеала да ја држи главата над површината.






Миле, Славен, Јозо и Дарио Кордиќ слушнале необични звуци од бунарот, а кога пришле поблиску, ја здогледале несреќната мечка. Брзо организирале акција за спасување за да го извлечат веќе исцрпеното животно, јавува „Рамски вјесник“.

Како што може да се види во видеата објавен на фејсбук-страницата на „Рамски вјесник“, мечката  веројатно повеќе збунета од исплашена, само пливала во круг обидувајќи се да најде излез.

Луѓето прво се обиделе да ја извлечат со помош на дрво. Сепак, кога не успеале, решиле да се обидат со трактор.

Мисијата била успешна, а по спасувањето мечката изморена, но жива се вратила во шумата.

 

Поврзани содржини