МЕЧКА НАПАДНАЛА МАРАТОНЕЦ ВО ЈАПОНИЈА Новозеланѓанецот Халоран завршил со прегризана рака и со повредена нога

Тркачот Били  Халоран бил подложен на три операции, вклучувајќи коскена трансплантација од колкот за да се замени каснатиот дел и поставување метални плочи во раката.

192

Новозеландскиот тркач Били  Халоран кој учествува на ултрамаратони низ дивината  на еден од тренинзите во шумата во јапонскиот предел  Мјоко каде што живее, бил нападнат од мечка, пишува CNN.

Халоран сосема сам на патеката, километри од паркираниот автомобил, се соочил со две мечки кои го гледале од грмушките од растојание помало од 30 метри. Кога се обидел полека да се повлече, една се приближила кон него.






– Беше приближно со моја големина, пораснат, барем 60 или 70 килограми изјави е 32-годишниот Новозеланѓанец.

Халоран одлучил да не трча, плашејќи се дека мечката ќе го стигне и ќе го нападне одзади. Наместо тоа, се обиде да го избрка викајќи.

-Видов дека ќе ме нападне – и го стори тоа, Ја кренав раката пред лицето во самоодбрана. Ме зграпчи за раката и ме собори на земја. Потоа уште еднаш ме касна. Раката ми беше отечена – вели тој.

По раката, мечката му ја нападна ногата, оставајќи длабоки гребнатини и рани од канџи, а потоа се повлекла. Халоран успеал да стане и да се вклучи во кратка борба со животното пред тоа да исчезне во грмушките.

Плашејќи се дека мечката може да се врати, ја повика сопругата да дојде да го земе. Со скршена рака и сериозни повреди на ногата, успеал да истрча уште еден километар за да ја пречека сопругата и да чека брза помош.

Сега се опоравува во болница. Тој бил подложен на три операции, вклучувајќи коскена трансплантација од колкот за да се замени каснатиот дел и поставување метални плочи во раката.

Пред него е долг пат до закрепнување, што вклучува физичка рехабилитација. Иако сè уште планира да тренира за идните трки, тој е свесен дека ништо нема да биде исто. Сепак, поголем предизвик од физичкото закрепнување може да биде справувањето со траумата. Тој ја спореди својата состојба со чувството „што би го имал некој што бил нападнат од ајкула кога ќе се врати на брановите“.

И покрај сè, тој е решен да се врати на трчање во природа, а поддршката од локалната тркачка заедница му помага во тоа. Тој се смета за среќен, забележувајќи

„Имаше многу напади, а некои луѓе немаа толку среќа“.

Инцидентите со мечки во Јапонија стануваат сè почести. Во последните месеци има случаи во кои мечките влегувале во супермаркети, останувале пред градинки и сериозно повредиле човек. Оваа година се регистрирани повеќе од 100 повреди и најмалку седум смртни случаи, што е највисок број откако започнале евиденциите во 2006 година. Покрај тоа, еден од неодамнешните смртоносни напади се случил само на неколку километри од домот на тркачот.

Експертите предупредуваат дека поради климатските промени, кои влијаат на достапноста на нивните природни извори на храна, мечките сè повеќе ги напуштаат своите живеалишта и влегуваат во населени области во потрага по храна.

Како одговор на алармантното зголемување на нападите, јапонската влада минатиот петок објави построги мерки за контрола на популацијата на мечки.

Многу жители веќе преземаат мерки на претпазливост, како што се носење ѕвончиња или пуштање гласна музика.

Халоран рече дека следниот пат би размислил да носи спреј за мечки.

 

Поврзани содржини