МЕЧКА НАПАДНА ГОВЕДАР КАЈ ВЕЛЕШКО ОМОРАНИ Го гризнала, па се исплашила од кучињата
60-годишен маж од село Дреновци, прилепско, им пријавил на полициски службеници од СВР Велес дека додека пасел крави, бил нападнат и каснат од мечка која ја избркале неговите кучиња.
Маж на возраст од 60 години синоќа бил нападнат од мечка во атарот на велешкото село Оморани. Несреќата се случила додека тој пасел крави и кога одеднаш мечката му се нафрлила и го гризнала.
Го спасиле неговите кучиња кои тргнале кон неа и лаејќи ја избркале.
Од СВР Велес потврдија дека синоќа во 21.30 часот во болницата во Велес, 60-годишниот Ц. С. од село Дреновци, прилепско, им пријавил на полициски службеници од СВР Велес дека додека пасел крави на планината Мукос, атар на село Оморани, Општина Чашка, бил нападнат и каснат од мечка што ја избркале неговите кучиња.