МЕЧКА НАПАДНА ЧОВЕК ВО ДОЛНЕНИ Тешко повреден е пренесен во Клиничкиот центар во Скопје

Во атарот на село Рилево, општина Долнени, вчера утро мечка нападнала повозрасен маж додека собирал печурки, јавија локалните медиуми.

2,024

Вчера утрото, околу 10 часот, во атарот на село Рилево, општина Долнени, повозрасен маж бил нападнат од мечка додека собирал печурки.

Од нападот тој се здобил со тешки повреди. Го забележале ловџии, кои викнале лекари. Повредениот човек веднаш бил пренесен во прилепската болница, а потоа, поради сериозноста на повредите, бил транспортиран на клиниките во Скопје.






Жителите од прилепскиот регион, особено од општините Долнени и Кривогаштани, велат дека присуството на мечки во последно време е сè почесто и предупредуваат дека ваквите случаи би можеле да се повторуваат.

Поврзани содржини