МЕЧКА НАПАДНА ЧОВЕК СО КУЧЕ ВО СЛОВЕНИЈА Со отстрел ќе се намалува бројот на овие животни
Се предлага бројот да се намали од 1.100 мечки на околу 800, а најмногу животни да бидат отстрелани во јужниот дел на Словенија, каде има најмногу инциденти со мечки.
Додека во Словенија се одвива дебата околу отстрелот на мечките поради наглото зголемување на бројот на овие животни, жител на земјата утрово беше нападнат од мечка кај Љубљана.
Мечката го каснала човекот за ногата, а нападот се случил во близина на главниот град Љубљана, додека тој го шетал кучето.
Се предлага бројот да се намали од 1.100 мечки на околу 800, а најмногу животни да бидат отстрелани во јужниот дел на Словенија, каде има најмногу инциденти со мечки.