📷 МЕЧКА НАПАДНА ЧОВЕК КАЈ МАКЕДОНСКИ БРОД Го спасиле ловџии во последен момент
Човекот бил спасен од ловци кои слушнале повици за помош и испукале неколку истрели во воздух, по што мечката побегнала.
Мечка нападна возрасен човек во близина на Македонски Брод и го повреди, извести Центарот за управување со кризи.
Човекот бил спасен од ловци кои слушнале повици за помош и испукале неколку истрели во воздух, по што мечката побегнала.
„Во текот на вчерашниот ден помеѓу с. Пласница и Ораоец, општина Македонски Брод, мечка нападнала возрасен човек кој бил спасен од ловци кои случајно биле на лов во близина на местото на нападот и откако слушнале повици за помош испукале неколку истрели во воздух после што мечката побегнала, а нападнатото лице, кое било силно преплашено се здобило со телесни повреди“ – се вели во известувањето на ЦУК.