Мечка извлекла жена од шатор и ја усмртила

1,100

Мечка гризли среде ноќ извлекол жена од шаторот во село во Монтана, САД, и ја уби пред да пристигнат камперите, кои биле на тоа место, да се обидат да ја спасат, објавија властите, пренесе БЕТА..

Леа Дејвис Локан (65), медицинска сестра од Калифорнија, искусна велосипедистка, била со својата сестра и еден пријател на долго туристичко патување со велосипедите.






Застанале во едно село за да преноќат во природа, но наскоро се појавила мечка и талкала околу нивните шатори. Верувајќи во моќта на спрејот од кој бегаат животните, тие сепак одлучиле да останат да спијат на тоа место, но мечката се вратила и ја убила жената.

Надзорните камери ја снимиле мечката тешка околу 180 килограми, која ноќе трагала по храна во селото и упаднала во кокошарник каде изела неколку кокошки.

Локалните власти и со помош на хеликоптер трагаат по мечката за да ја убијат, а се надеваат дека ќе ја фатат во една од стапиците поставени во близина.

Во последниве години, гризли мечките стануваат сѐ поголема закана во Северните Карпести планини, бидејќи тие се заштитени со закон, се размножуваат и се шират на нови области каде што доаѓаат сè повеќе луѓе желни за авантури.

Се проценува дека околу 1.000 гризли живеат на тоа подрачје и подалеку кон север, до границата со Канада, што е нивна најголема концентрација во САД.

Има смртоносни напади врз луѓе, но тие се многу ретки: во последните 20 години, имало само три, вклучувајќи го и последниот, оваа недела, вели американската служба за заштита на природата.

Поврзани содржини