МЕЃУНАРОДНИТЕ ДОГОВОРИ НЕ МОЖАТ ДА СЕ МЕНУВААТ СО ДРУГ ЗАКОН Утре ќе се носи одлуката за продолжување на рокот на пасошите

Според информациите што ги добивам е дека тој закон нема да ги реши проблемите и дека е спротивен на членот 118 од Уставот во смисла на тоа дека меѓународните договори дека се дел од внатрешниот правен промет и фактички дека не можат да се менуваат со друг закон, така што конечната одлука ќе биде соопштена во текот на денот, рече претседателот на Собранието, Јован Митрески.

361

Претседателот на Собранието Јован Митрески, на новинарско прашање дали мнозинстовото во Законодавниот дом утре ќе даде поддршка за продолжување на важноста на патните исправи, одговори дека меѓународните договори не можат да се менуваат со друг закон.

– Според информациите што ги добивам е дека тој закон нема да ги реши проблемите и дека е спротивен на членот 118 од Уставот во смисла на тоа дека меѓународните договори дека се дел од внатрешниот правен промет и фактички дека не можат да се менуваат со друг закон, така што конечната одлука ќе биде соопштена во текот на денот – рече Митрески.






Тој додаде дека во текот на денешниот ден ќе го дополни дневниот ред за утрешната седница за законот на патни исправи, а во врска со поддршката на пратениците вели одлуките ги носат самите пратенички групи.

Претседателот на Собранието Митрески, денеска учествуваше на одбележувањето на јубилејот – 80 години од Февруарскиот поход и од смртта на народниот херој Кузман Јосифовски Питу, кој се одржа денеска во Домот на Армијатам, во организација на Главниот одбор на Сојузот на борците од НОАВМ.

Поврзани содржини