Меѓународната организација на трудот алармира: 1,5 милијарди луѓе во ризик да загубат средствата за живот

ИЛО наведува дека во најголема опасност се оние кои работат неформално и работниците во малопродажниот сектор, производство и прехранбената индустрија.

243

Околу половина од сите работници ширум светот се изложени на ризик да ги загубат средствата за живот поради пандемијата на Ковид-19, предупреди Меѓународната организација на трудот (ИЛО).

Станува збор за повеќе од 1,5 милијарди луѓе, објави Би-Би-Си.






ИЛО наведува дека во најголема опасност се оние кои работат неформално и работниците во малопродажниот сектор, производство и прехранбената индустрија.

Веќе две милијарди неформални работници добиле просечно 60 проценти помалку плата во текот на првиот месец од пандемијата.

– За милиони работници, отсуството на приход значи дека нема храна, нема безбедност и нема иднина. Милиони бизниси ширум светот едвај дишат. Тие немаат заштеда или пристап до кредит. Тие се вистинските лица на светот на трудот. Ако не им помогнеме, тие едноставно ќе пропаднат – изјави генералниот директор на ИЛО Гај Рајдер.

Поврзани содржини