НАСА објави дека Меѓународната вселенска станица (ИСС) превентивно извела маневар за да го избегне сударот во моментот кога покрај неа поминувало непознто парче на вселенски отпад.
Американските и руските стручњаци некаде пред полноќ извеле маневар во траење од 150 секунди – објави НАСА и додаде дека ниту еден член од посадата не е во опасност.
НАСА објавила дека „доцната информација“ за отпадот во близина на станицата ги натерала Американец и двајца Руси да се засолнат во рускиот сектор за да бидат поблиску до руската ракета Сојуз.
– Со маневарот е подигната орбитата на станицата над очекувањето на движењето на отпадот за кој се проценило дека ќе биде на одалеченост од 1,39 километри од станицата, малку после полноќ – навела НАСА.
– Посадата продолжила со редовните активности – додава НАСА.
Минатата недела руската вселенска агенција објавила дека е воочила течење на воздух од ИСС: