МЕЃУНАРОДНА ПОТЕРНИЦА ЗА ШЕВАЉ МУАРЕМИ Осомничен е како лидер на група која шверцувала дрога

1,157

Министерството за внатрешни работи на својата веб страница објави меѓународна потерница по Шеваљ Муареми.

„Муареми Шеваљ, татко Азби мајка Азбије, род.18.11.1977 год. во Скопје, живее на ул„.5“ бр.1 село Грчец, општина Сарај. Се бара по распишана меѓународна потерница од ОЈО за ГОКК-Скопје со Наредба КО БР.15/24 од 30.01.2024 година. Лицето е под истрага за сторено кривично дело по чл.123 ст.2, чл.394 ст.3 и чл.215 ст.3 од КЗ на РСМ.“, се наведува во потерницата на МВР.






Во јануари, годинава, беа поднесени кривични пријави против 16 лица кои се сомничат за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, убиства и обиди за убиства. Сите биле членови на меѓународна организирана криминална група, а ги предводел Муареми (46) од село Грчец.

Поврзани содржини