МЕ УАПСИЈА КАКО НАЈГОЛЕМ КРИМИНАЛЕЦ Пејачот Александар Тарабунов уапсен во Битола
Вчера вечерта бев уапсен во Битола каде што настапувава, како да сум најголем криминалец. Со лисици, со туркање во комбе ме однесоа во станица, буквално за ништо, посочи тој.
Македонскиот поп пејач Александар Тарабунов, преку социјалните мрежи на јавноста ѝ соопшти дека вчера бил уапсен за време на музичкиот настап во Битола, организиран во чест на починатите Тоше Проески и Аки Рахимовски.
„Вчера вечерта бев уапсен во Битола каде што настапувава, како да сум најголем криминалец. Со лисици, со туркање во комбе ме однесоа во станица, буквално за ништо. Изрежираа дека се противам на началникот и дека немам лична карта, иако се обидов да ја покажам и заедно со сопственикот на локалот не’ држеа до 8 сабајле. Спијте мирно луѓе, нема веќе криминал, се’ е решено“, напиша Тарабунов на својот Инстаграм профил.