МЕЃУ ПРИШТИНА И БЕЛГРАД ФАЛИ САМО ИСКРА! Курти ја зголеми борбената готовност, Вучиќ ветува заштита за косовските Срби

Српската војска распореди топови и хаубици од голем дострел во близина на административниот премин Јариње со Косово, откако косовските власти не му дозволија на партијархот Порфириј да влезе на Косово. Русија проценува дека „ситуацијата не е далеку од конфликт од големи размери“.

952

Привремените власти во Приштина ги ставиле безбедносни сили во целосна борбена готовност и се подготвени да извршат напад на северот на Косово и Метохија со 1.500 свои припадници, објави српскиот весник „Новости“.

Оваа наредба се однесува на единиците од Приштина, Пеќ и Призрен.






Според информации од кругови блиски до КФОР, официјална Приштина издала наредба до припадниците на безбедносните сили вечерва да бидат во касарната или достапни на мобилни телефони, подготвени за движење во текот на ноќта.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ вечерва го коментираше фактот дека на патријархот Порфириј му беше забранет влез на Косово од Приштина и посочи дека ќе ги преземе сите мерки за да го заштити народот по одлуката на Приштина да ја подигне борбената готовност.

„Ние правиме се што можеме за да ги зачуваме мирот и стабилноста. За жал, тие не сакаа да не слушаат или не беа многу заинтересирани да не слушнат. Денеска и на српскиот патријарх г. Порфириј му е забранет влез на Косово. Ова никогаш не се случило во историјата. И не им е грижа. Бесмислена најава, неважна… Но ќе продолжат да зборуваат само за српски барикади кои се само знак на незадоволство и борба на српскиот народ да биде свој и ништо повеќе. Според тоа, сакам да ве информирам дека сме во тешка ситуација, но дека ќе дадеме се од себе и дека на секој начин ќе се грижиме како да ги зачуваме мирот и стабилноста и не само тоа, како да го заштитиме нашиот народ на северот на Косово. Во согласност со тоа, и откако ќе се вооружаат Албанците и ќе ја подигнат нивната борбена готовност, ќе ги преземам сите мерки да го заштитам нашиот народ и да ја спасам Србија – објави Вучиќ на социјалните мрежи.

Претходно Војската на Србија во копнената безбедносна зона, во близина на административниот премин Јариње со Косово стационираше неколку топови и хаубици од голем дострел.

Медиумите во Белград синоќа објавија дека се слушнало рафално пукање во Зубин Поток на Косово, додека некои изјавија дека имало размена на оган меѓу локалните Срби и косовската полиција.

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, коментирајќи ги последните настани на Косово, рече дека ситуацијата не е далеку од конфликт.

– Новото заострување што изби во покраината убедливо покажува дека отстапувањето од сегашната регулаторна рамка за Косово само ги провоцира приштинските екстремисти. Ситуацијата не е далеку од вистински конфликт од големи размери – рече Захарова одговарајќи на прашање на руските медиуми за состојбата на Косово, пренесува Б92.

Поврзани содржини