МЕЃУ ФАТЕНИТЕ ДИЛЕРИ СО АМФЕТАМИНИ И УЧИТЕЛКА ВО ОСНОВНО!? Полицијата разби нарко-мрежа

Како што нѐ информираа од Министерството за внатрешни работи за овој случај ќе имаат прес-конференција во текот на денот, откако ќе бидат завршени сите дејствија од полициската акција.

1,938

При големата полициска акција спроведена синоќа меѓу приведените дилери на дрога е и учителка од основно училиште.

Според засега неофицијалните информации, станува збор за акција при која се приведени дилери на амфетамин. Полициската акција се однесувала на сузбивање група улични дилери осомничени за дистрибуција на амфетамин.






Како што нѐ информираа од Министерството за внатрешни работи, за овој случај ќе имаат прес-конференција во текот на денот, откако ќе бидат завршени сите дејствија од полициската акција.

Градоначалникот на Општина Аеродром Тимчо Муцунски на својот фејсбук профил утрово напиша дека вчера МВР привела наставник кој подолго време работи во основното училиште „Александар Македонски“.

„Процесот на социјализација и едукација на децата не смее да се поврзува или да биде обременет со било каква нелегална активност која е во спротивност со законот. Инсистирам случајот да биде расчистен во целост и во таа насока основното училиште и Општина Аеродром веќе соработуваат со надлежните институции за спроведување на законот“, вели Муцунски.

Поврзани содржини