МЕ ТЕПАШЕ СО КЛОЦИ, МИ СЕ ЗАКАНИ ДЕКА ЌЕ МЕ СИЛУВА Арсовска проговори за нападот врз неа на Бит Пазар

4,857

Пред очи на полицајци ме удираше со клоци и ми се закануваше дека ќе ме силува, а цело семејство ќе ми го убие, рече скопската градоначалничка Данела Арсовска откако излезе од Градската општа болница „8 Септември“ каде денеска беше примена во Ургентниот центар, откако попладнево физички беше нападната на Бит Пазар при увид на дивoградба спроти полициската станица во Чаир.

– Прво ми се закануваше вербално, не можам да изговорам со какви погрдни зборови ми се обраќаше, велеше дека ќе ме силува. Потоа пред очите на полицајците ме нападна физички, почна да ме удира со клоци. Тие само го тргнаа и застанаа пред мене и ништо друго не преземаа, дозволуваа толпата да вика и да ги напаѓа луѓето од Градот, да ги удираат со столици, да ги плукаат… Наместо да го приведат, му дозволија пола час да навредува, се собраа десетина луѓе, плукаа. Ја нападнаа и советничката и секретарот на Градот – рече Арсовска откако излезе од Воената болница каде и беше пружана лекарска помош.






Од ГОБ „8 Септември“ за СДК.мк исјавиле дека Арсовска била примена во Ургентен центар видно вознемирена и со контузии од удирање со клоци и со тупаници и била прегледана од специјалисти.

Поврзани содржини