Богатата наследничка на синџирот хотели, која секогаш се наоѓа во медиумите поради нејзиниот бурен и несекојдневен живот, овој пат одлучила да ја отвори душата и да открие една сосема поинаква животна приказна.
„Сите мислат дека мојот живот е совршен и дека отсекогаш сè ми било сервирано на послужавник, но вистината е сосема поинаква. Сега сум доволно зрела и доволно самоуверена за да можам да зборувам за некои грди искуства со кои морав да се соочам – открила 39-годишната Парис во интервјуто за магазинот „Пипл“, а потоа детално раскажа сè за „најлошиот период од нејзиниот живот“.
Тоа се случувало кон крајот на 1990-тите, кога нејзините родители ја пратиле во интернат во училиштето „Provo Canyon School“ во Јута.
– Штом стапнав таму, знаев дека дојдов на ужасно место. На професорите и персоналот на интернатото не им беше примарно учењето, туку тортурата. Тие ни викаа по цели денови, постојано некој беше виновен за нешто и на дневна основа имаше физичко насилство: тие фрлаа предмети кон нас, нè удираа и нѐ давеа… Сакаа да всадат страв кај децата и да постигнат апсолутна дисциплина, а методите беа застрашувачки – оние деца кои ќе се спротивставија, беа врзувани за нивните кревети и им даваа седативи – рекла Парис.
Во документарниот филм сведочат и други сооченици на Парис Хилтон, кои воедно ја потврдуваат нејзината приказна.
Документарецот ќе биде прикажана на 14 септември на јутјуб-каналот на Парис Хилтон.