МЕ СПОРЕДИЈА СО ХИТЛЕР ЗА ДА МЕ ПОРАЗАТ ПОЛИТИЧКИ Трамп ја тужи Си-Ен-Ен за клевета
Поранешниот претседател на САД тврди дека против него овој медиум води хајка бидејќи тој има намера да се кандидира на претседателските избори.
Поранешниот американски претседател Доналд Трамп го тужи Си-Ен-Ен за клевета и бара отштета од 475 милиони долари.
Во својата тужба поднесена до судот во Форт Лодердејл, Флорида, Трамп тврди дека Си-Ен-Ен го искористил своето значително влијание за да го порази политички. Од медиумската куќа се уште не се изјасниле за тужбата.
Поранешниот републикански претседател на 29 страници од тужбата пишува дека Си-Ен-Ен долго време го критикува, но дека интензивирале во последните месеци бидејќи планира повторно да се кандидира на изборите во 2024 година. Во документот се наведуваат примери во кои Си-Ен-Ен го споредува Трамп со Хитлер, вклучително и прилог од јануари 2022 година на Фарид Закарија, кој вклучува снимки од поранешниот диктатор.