МЕ ПРЕТЕПА СО МЕТАЛНА ПАЛКА ПРЕД ОЧИТЕ НА СИН МИ Марјан Доказ го бара нарачателот

Стаменковски на својот портал соопштува повеќе детаљи за настанот. Според него, приведениот напаѓач е извесен Горан Маркович од Скопје. ДоказМ објавува и фотографија на напаѓачот, а Стаменковски го поврзува со неколку лица од политиката, сомневајќи се дека нападот врз него е нарачан поради некои контроверзни написи во последно време.

6,170

Полицијата вчера соопшти дека го пронашла човекот кој на 5 април годинава во 14.45 часот го нападнал сопственикот и уредник на порталот ДоказМ, Марјан Стаменковски.

МВР не сака да соопшти повеќе детаљи за настанот и засега останува на официјалното соопштение, во кое пишува:






„ На 19.04.2022 во 10.00 часот во Скопје од полициски службеници од Одделението за насилен криминал трговија со луѓе и посредување во вршење на проституција во рамки на Единицата за насилен криминал при СВР Скопје е приведен Г.М.(35) од Скопје, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело Насилство, казниво по член 386 од Кривичниот законик. Тој на 05.04.2022, на подрачјето на Карпош, со тврд предмет физички го нападнал М.С.(44), со живеалиште во Скопје. За случајот е известен Јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Во СВР Скопје во 15.02 на 05.04.2022 од страна на 43-годишниот М.С. било пријавено дека околу 14.35 часот на улицата Клепа, додека се движел заедно со синот, бил физички нападнат од едно лице со тврд предмет. Лицето најпрво го нападнало М.С., по што избегало со возило опел. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“.

Стаменковски на својот портал соопштува повеќе детаљи за настанот. Според него, приведениот напаѓач е извесен Горан Маркович од Скопје. ДоказМ објавува и фотографија на напаѓачот, а Стаменковски го поврзува со неколку лица од политиката, сомневајќи се дека нападот врз него е нарачан поради некои контроверзни написи во последно време.

Марјан Стаменковски беше нападнат и претепат и во јули 2015 година, но тогаш помина со тешки телесни повреди.

Плусинфо побара став и на Здружението на новинари на Македонија за овој настан, но до објавувањето на оваа содржина не добивме одговор.

 

Поврзани содржини