МЕ ПРАШУВААТ ГРАЃАНИТЕ ЗА КОЈ ДОМ МИСЛАТ ВО СДСМ, ЗА ДУБАИ ИЛИ ЗА ХАЛКИДИКИ? Мицкоски вели – 7 години СДСМ не мислеше на заедничкиот дом

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ го повика СДСМ да извлече поука од погрешните политики во минатото.

146

Граѓаните често ми го поставуваат прашањето: Претседателе за кој дом мислат (СДСМ и Венко  Филипче)? Дали мислат за домот во Дубаи, дали мислат за хациендата на Халкидики, фирмите во Петрич и Сандански или пак можеби за онаа јахта коишто сите можевме да ја видиме, рече на митингот на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во Босилово.

-Мојот одговор е секогаш дека тие имаа 7 години можност да мислат за нашиот заеднички дом, а нашиот заеднички дом е нашата татковина Македонија, тие мислеа за својот џеб, и затоа денеска некогаш големата СДСМ се наоѓа под психолошкиот и биолошки минимум, и на овие избори нивен главен предизвик ќе биде дали ќе освојат 110, 120, или 130.000 гласа – рече Мицкоски.






Мицкоски го повика СДСМ да извлече поука од погрешните политики во минатото.

– А гледам дека и во оваа кампања од првиот ден тие континуирано од грешка во грешка влегуваат, тие од првиот ден почнаа брутална црна кампања, полна со ниски страсти најчесто напаѓајќи ме мене, преку конструкции, да дефокусираат со невистини. Што имаат тие да кажат ако не водат црна кампања, што направија по што ќе останат запаметени? Треба да им простиме, и да ги оставиме во нивното политичко мочуриште да тонат – рече Мицкоски.

 

Поврзани содржини