📽 „МЕ НАТЕРАА“ Потпретседателка на српска општина во Косово фатена како се дрогира

Од почетокот на мојот мандат се појавија разни приказни, само да ме уништат. Ми ја запалија и колата. Неверојатно е колкав притисок ми прават, но ќе се борам до крај, изјави Драгана Милетиќ за приштинскиот медиум „Национале“.

5,905

Неколку службеници од општина Лепосавиќ во Косово беа фатени на снимка како се дрогираат во тоалет на работното место. Меѓу нив е и Драгана Милетиќ, потпретседателка на општината, која набргу по аферата беше разрешена. Таа потоа изјави дека била „принудена да се дрогира“.

– Тоа е лага. Ова го измислуваат тие од Српска листа, за да ми го загрозат името и позицијата во општина Лепосавиќ. Од почетокот на мојот мандат се појавија разни приказни, само да ме уништат. Ми ја запалија и колата. Неверојатно е колкав притисок ми прават, но ќе се борам до краj – изјави Милетиќ за приштинскиот медиум „Национале“.






Таа вели дека сама го контактирала медиумот да даде изјава и се пожали дека и се заканиле дека ќе ѝ ја бомбардираат куќата. Косово онлајн напиша дека таа за ова го информирала и обвинителството.

Откако беше утврдено дека снимката е автентична, Милетиќ беше разрешена од претседателот на општина Лепосавиќ, Љуљзим Хетеми.

На друга објавена снимка се гледа и полицаец од општината како конзумира дрога. Тој потоа бил разрешен од Полицискиот инспекторат на Косово (ПИК).

Поврзани содржини