📽 МЕ ИЗМАМИЈА, СИ ГО ИЗГУБИВ СИНОТ Илон Маск на интервју кај Џордан Питерсон раскажа потресна приказна за своето трансродово дете

Во интервјуто, кое Илон Маск му го даде на психологот Џордан Питерсон, откри дека бил бесен поради целата ситуација со неговата трансродова ќерка, но и дека практично бил измамен кога ги потпишал документите да му даде на своето дете блокатор на пубертетот.

2,398

Технолошкиот магнат Илон Маск, како што е познато, е татко на 11 деца, а последното по ред го имаше тајно на крајот на минатата година, заедно со вработена во една од неговите компании.

Еден од неговите синови, порано Ксавиер, од бракот со поранешната сопруга Џастин Маск, во 2022 година откри дека е трансродово лице, го промени своето име во Вивијан Џена Вилсон и го прекина секој контакт со татка си.






Одлуката за промена на полот на Вивијан дојде во време кога Маск, поттикнат од законите во Калифорнија со кои тој не се согласува, објави дека ќе го премести седиштето на „Спејс икс“ во Тексас, особено поради тогашниот предлог на Калифорнија за промена на законот што ќе ги спречи училиштата од известување на родителите доколку нивното дете се идентификува како различен пол.

Во интервјуто, кое Маск му го даде на психологот Џордан Питерсон, откри дека бил бесен поради целата ситуација со неговата трансродова ќерка, но и дека практично бил измамен кога ги потпишал документите да му даде на своето дете блокатор на пубертетот.

Илон откри и дека не бил целосно информиран за неповратните ефекти од третманот на кој го подложил своето дете и додаде дека терминот „родово афирмирана грижа“ всушност е ужасен еуфемизам. Тој исто така рече дека сфатил дека „го изгубил синот“ поради нешто што се нарекува „вирусот на разбудување“ (woke virus), или процесот што доведе до транзицијата на Вивијан.

Во текот на интервјуто, Питерсон неколкупати ја коментираше целата ситуација и се согласи со Маск дека целата приказна е „неверојатно злобна“. Тие се согласија и дека луѓето кои промовираат третмани за промена на идентитетот треба да бидат ставени во затвор. Заедно, тие коментираа како се спроведува практиката врз малолетници кои се далеку под возраста на која правилно би можеле да се одлучат за овој метод.

Маск изјави и дека бил доведен во заблуда со учеството во целиот процес, кој на крајот заврши со голема загуба.

– Искрено, си го изгубив синот – заклучи извршниот директор на „Тесла“ и на „Спејс икс“ и го дефинирал значењето на терминот „усмртување“ во контекст на приказната, која ја употребил бидејќи по постапката веќе не може да се препознае идентитетот на детето.

– Го нарекуваат „усмртување“ е бидејќи вашиот син е мртов – рече Маск.

Поврзани содржини