„МЕ ИЗБРА НАРОДОТ, НЕМА ДА МЕ СМЕНИ СТРАНСКА ВЛАДА“ Додик најави дека ќе остане претседател на Решублика Српска
Нема да ја почитувам судската одлука, ќе ја почитувам волјата на српскиот народ, најави претседателот на Република Српска Милорад Додик, кому босанските судови и централната изборна комисија му го одземаа мандатот.
Милорад Додик, на кого босанските судови и централната изборна комисија му го одземаа мандатот како претседател на Република Српска најави дека нема да ја почитува таа одлука и дека ќе остане претседател на тој ентитет на Босна и Херцеговина.
„Нема да ја почитувам. Ќе ја почитувам волјата на српскиот народ. Вие бевте арогантни, а очекувате од мене да бидам покорен. Нема да бидам. Јас сум претседател на Република Српска, а вие пишувајте што сакате. Јас сум избран од народот, нема да бидам заменет од странска влада“, објави Додик на социјалната мрежа Икс.
Тој додаде дека оние што ја донеле таа одлука „не го почитувале Уставот на Босна и Херцеговина, Уставот на Република Српска и законот“.