Шефот на пратеничката група на ДУИ и претседател на партискиот огранок во Чаир, Изет Меџити, ја одби поканата од вицепремиерот Артан Груби за средба со претседателите на ограноците во седиштето на партијата во Речица, објави Лајм.
На прашањето дали ќе учествува на овој состанок кој е закажан за денеска во 14 часот, Меџити одговорил негативно.
Партиски извори, пак, за Лајм истакнале дека Груби не го свикал состсанокот за да бидат отворени организациските прашања, туку повеќе за да ја тестира поддршката што ја ужва во партиските ограноци.
Очигледно, односите помеѓу Меџити и Груби воопшто не се подобруваат, а тиквата пукна кога шефот на пратеничката група на ДУИ јавно кажа дека не е задоволен од изборот на кадри од неговата партија кои ќе бидат дел од новата Влада, мислејќи на новите функции на Артан Груби и на Бујар Османи.