МЕЏИТИ ВО ВОДСТВО ПРЕД ОСМАНИ Во Чаир владее славеничка атмосфера по првичните резултати

Во општина Чаир моментално владее славеничка атмосфера, а симпатизерите на Вреди прославуваат на улиците очекувајќи официјална потврда на резултатите.

1,365

Кандидатот за градоначалник на општина Чаир од коалицијата Вреди, Изет Меџити, според неофицијални резултати, е во убедливо водство пред противкандидатот Бујар Османи од ДУИ, јавуваат медиуми на албански јазик во Македонија.

Како што пренесуваат извори блиски до коалицијата Вреди, Меџити е на пат да ја обезбеди победата уште во првиот изборен круг.






Во општина Чаир моментално владее славеничка атмосфера, а симпатизерите на Вреди прославуваат на улиците очекувајќи официјална потврда на резултатите.

Од партијата Вреди неофицијално изјавуваат дека резултатите од гласачките места покажуваат „значајна предност за Меџити, што укажува на јасна волја на граѓаните за промени во Чаир“.

Поврзани содржини