МЕЏИТИ ВЕЛИ ДЕКА СО ЕДЕН УДАР ЌЕ СЕ ОТСТРАНАТ 4.000 ВЛТ АПАРАТИ Власта планира да го забрани и рекламирањето на казината, остри реакции од индустријата

Минатиот месец започна затворање на стотици нелегални онлајн страници за коцкање, кои нудеа услуги во нашата земја. До денес се затворени над 200 онлајн страници за коцкање, рече Меџити.

1,436

Предлог законот за игри на среќа е многу значаен чекор во „борбата против мафијата на коцкањето“, истакна денеска на прес-конференција првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити.

Со новото законско решение, што беше усвоено на вчерашната владина седница, тој нагласи дека на почеток ќе се намали присуството на, како што рече, оваа колективна катастрофа, за најмалку 70 отсто.






– Ова е само почеток. Од над 7.000 ВЛТ апарати со првиот удар ќе се отстранат 4.000. Го забрануваме рекламирањето на коцкањето. Казина повеќе ќе нема низ населени места, градови и села, како што е случај денес. Ги отстрануваме коцкарските клубови и обложувалниците, кои организираат коцкање и сите други форми на коцкарски објекти најмалку 500 метри од училиштата, а ги зголемуваме даноците и давачките за да се отежне постапката за отвoрање обложувалници – појасни Меџити.

Тој посочи дека досега со една лиценца, компаниите отворале неограничен број објекти, што со законските измени повеќе нема да може да се прави.

– Казино индустријата која подолго време беше претворена во главно бизнис претпријатие во нашата земја сега доживува сериозен удар. Наследивме општество во кое коцкањето беше во подем. Казина и обложувалници беа отворени на секој агол. Денес на територијата на целата држава функционираат најмалку 1.500 центри за коцкакање, обложувалници и апарати за коцкање – рече Меџити.

Борбата против индустријата на коцкањето, според него, е тешка и опасна.

– Станува збор за добро организирана структура со криминогена природа, која ги надминува државните граници и не признава бариери, ниту политички, ниту етнички, национални или верски. Мафијата на коцкањето е ракот на нашето општество. Ветува среќа, но носи само несреќа – додаде првиот вицепремиер.

Првите конкретни резултати од, како што рече, решителната борба против криминалната индустрија на коцкањето и игрите на среќа веќе пристигнале.

– Минатиот месец започна затворање на стотици нелегални онлајн страници за коцкање, кои нудеа услуги во нашата земја. До денес затворивме над 200 онлајн страници за коцкање – подвлече Меџити.

Асоцијацијата на спортски обложувалници (АПИС) и Асоцијацијата на приредувачи на игри на среќа (АСОМ) денеска побараа од Владата да го стопира законот, односно да не го испраќа во собраниска процедура предупредувајќи дека преку ноќ без работа ќе останат неколку илјади вработени во оваа индустрија.

10.000 ЛУЃЕ ПРЕКУ НОЌ ЌЕ ИЗГУБАТ РАБОТА! Спортските обложувалници бараат Владата итно да го стопира законот за игри на среќа

 

ПРИРЕДУВАЧИТЕ НА ИГРИ НА СРЕЌА БАРААТ ПОЛИТИЧАРИТЕ ДА ГИ ИЗЗЕМАТ ОД ПРЕДИЗБОРНИ ПРЕСМЕТКИ Џабе се воведува дистанца ако државата организира игри на среќа преку интернет

Поврзани содржини