МЕЏИТИ СЕ ФАЛИ СО ЛАЖНА ВЕСТ! Дали 24 најавени амбулантни возила се повеќе од 70 набавени во 2012 година?

Четвртиот министер за здравство, Фатмир Меџити тера гол пи-ар со празни флоскули, кои по учебник всушност значат само неработа и негрижа – вели Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ.

122

Денешната изјава на Меџити дека ќе набавел 22 возила за итна помош, и дека тоа е „историски најголема“ таква набавка досега, е „најголема лажна вест во историјата на државата“ и воопшто не кореспондира со фактичката состојба, тврди Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ во објава на социјалната мрежа Фејсбук.

„Фактите говорат дека најголема набавка во историјата на Македонија за возила на итна медицинска помош е реализирана во 2012 година кога беа набавени 70 возила за итна медицинска помош. Истите беа опремени со ЕКГ-апарат, дефибрилатор, телемедицина, со надворешен пејсмејкер, респиратор и друга опрема кои ги задоволуваа најновите еколошки стандарди. Конкретно, набавката се состоеше од 69 комплетно опремени амбулатски возила – подвижни болниции и едно специјално педијатриско возило.






Четвртиот министер за здравство Фатмир Меџити тера гол пиар со празни флоскули кои по учебник всушност значат само неработа и негрижа.

Неговите омилени фрази „ќе“, како никогаш досега паѓаат во вода и ваквите празни ќе” флоскули на граѓаните им се повеќе од јасни, затоа што не можат да дојдат до основна здравствена услуга, нема ниту основни лекови, се затвораат цели оддели заради долгогодишна негрижа за специјалистичкиот кадар.

Меџити да внимава кога толку лесно се расфрла со празни пи-арски флоскули, а пред сè да не шири лажни вести, особено не кога станува збор за факти кои се лесно проверливи“ – се вели во објавата на Комисијата на здравство на ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

ЌЕ СЕ КУПУВААТ 22 НОВИ АМБУЛАНТНИ ВОЗИЛА Министерот Меџити се пофали со историски најголемата набавка

 

 

Поврзани содржини