МЕЏИТИ НЕ ДОЗВОЛИ ВЛАДАТА ДА НИ ДАДЕ ПАРИ ЗА ПРОЕКТИТЕ Општина Сарај тврди Екологија не ѝ дала согласност за патот во Ласкарци
Во реaкацијата како виновник за отфрлање на проектите се посочува е Министерството за екологија и животна средина и министерот Изет Меџити.
Oпштина Сарај не доби финансиска поддршка од повикот на владата, иако аплицираше регуларно и навремено во надлежните институции, реагираат од општината.
Во реaкацијата како виновник за отфрлање на проектите се посочува е Министерството за екологија и животна средина и министерот Изет Меџити.
„По 4 месеци и пуштени две ургенции од страна на општината, го блокираше и не даде согласност на проектот за патот во село Ласкарци. Поточно, ресорното министерството според предвидените рокови со закон, требаше да даде согласност најкасно до 19 јули 2024 година, кое досега не го направи“, се наведува во реакцијата.
Општината, додаваат оттаму, за овие опструкции го извести писмено и Министерството за локална самоуправа.
„Исто така, владата не го подржи и вториот проект, односно, проектот за патот Долно Свиларе – Горно Свиларе, кое ги има сите потребни технички документи. Затоа, не можете да ги измамите жителите на Сарај дека се грижите и сте подготвени како централна власт да помогнете и да издвоите средства за проекти кои доаѓаат од оваа општина. Немојте повеќе со измислици и празни изјави, само дајте согласност за предметниот проект и не го чувајте во фиока како што тоа го правите од јули оваа година“, велат од општината.
Оттаму додаваат дека секој може да види каде е закочена работата и кој го попречува предметниот проект од документите кои ги содржи реакцијата.