МЕЏИТИ НАРЕДИ ИТНО ДА СЕ ЗАТВОРИ ДЕПОНИЈАТА ВО НИКУШТАК Локацијата не ги исполнувала еколошките стандарди
Во одлуката, Меџити посочува дека оваа мерка е донесена со цел заштита на животната средина, животот и здравјето на граѓаните, бидејќи постоечката локација за отстранување на комунален отпад во Никуштак не ги исполнува еколошките стандарди.
Министерот за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денеска донесе одлука за затворање на несoстандардната депонија за отпад во Никуштак, општина Липково.
Во одлуката, Меџити посочува дека оваа мерка е донесена со цел заштита на животната средина, животот и здравјето на граѓаните, бидејќи постоечката локација за отстранување на комунален отпад во Никуштак не ги исполнува еколошките стандарди.
„Одлуката е донесена во согласност со законот за државна администрација и законот за животна средина, почитувајќи го принципот на висок степен на заштита и превенција од штетни последици. Наредбата стапува на сила веднаш“, се вели во соопштението.