МЕЏИТИ НАЈАВИ БЕСПЛАТНИ УНИФОРМИ ЗА УЧЕНИЦИТЕ Општина Чаир ќе ги плати дневните оброци за децата од социјални семејства

Во однос на вечерашниот дуел во ТВ21 кој бил одбиен од кандидатот за градоначалник на Општина Чаир од Националната алијанса за интеграција Бујар Османи, Меџити нагласи дека ќе го чека да дојде на дебатата.

61

Кандидатот за градоначалник на Општина Чаир од Вреди, Изет Меџити денеска најави бесплатни униформи и дневни оброци за сите ученици од сите основни училишта во оваа општина.

– Во сите основни училишта на нашата општина, учениците ќе имаат униформи целосно финансирани од буџетот на Општина Чаир. Ниту едно семејство нема да има дополнителен трошок. Со ова целиме кон создавање еднакви можности и зајакнување на чувствата на припадност кај нашите деца. Општина Чаир ќе ги покрива дневните оброци за сите ученици кои доаѓаат од семејствата што добиваат социјална помош. Секое дете ќе има достојни услови за учење, исхрана и растење – рече Меџити.






Тој најави дека ќе биде зајакната безбедноста во училиштата со нови физички и технолошки мерки во тесна соработка со образовните институции и родителите.

Во однос на вечерашниот дуел во ТВ21 кој бил одбиен од кандидатот за градоначалник на Општина Чаир од Националната алијанса за интеграција Бујар Османи, Меџити нагласи дека ќе го чека да дојде на дебатата.

– Ќе го почекам. Дебатата не оди во живо, туку се снима. Ќе го завршам интервјуто со празно столче, но ќе застанам таму да го почекам Бујар Османи – рече кандидатот за градоначалник на Општина Чаир од Вреди, Изет Меџити.

Поврзани содржини