МЕЏИТИ МУ ДАВА ЕДНА НЕДЕЛА РОК НА ТАРАВАРИ „Да одлучи дали е или не е со Вреди“

454

Арбен Таравари за една недела треба да одлучи дали е со Вреди или не. Ние сакаме да ја имаме неговата партија Алијанса за Албанците како дел од Вреди, но сакаме Алијанса во која ја нема ДУИ како опција, рече Изет Меџити, претседател на Демократското движење, партија која е дел од коалицијата Вреди, за ТВ Алсат .

Меџити го негира Таравари кој неодамна изјави дека добил ултиматум и вели дека тој бил информиран за спојувањето на коалицијата Вреди во една партија еден ден пред празникот Бајрам.






– Ние кои имаме политичко искуство, го препознаваме ова како купување време и бидејќи не сме без политичко искуство, ја забрзавме иницијативата за спојување на Вреди – рече Меџити.

Тој проценува дека за една недела оваа работа ќе се расчисти и додава дека изјавите на првиот човек на АА се контрадикторни. Меѓутоа, доколку остане надвор од Вреди, Меџити вели дека Таравари треба да оди таму каде што е ДУИ. Соработката на Таравари од власта со ДУИ во опозиција, според Меџити, значи дека утре ќе им донесе барања на ДУИ во владината коалиција.

– Ако проблемот е Вреди, ако е проблем владеењето, посоодветно е, машки и отворено да се каже, не сакам соработка со вас, сакам со ДУИ, но тогаш тој да оди кај ДУИ. Значи да оди во опозиција – рече Меџити.

Тој вели дека за ова разговарал и со премиерот Христијан Мицкоски.

– Треба да ги расчистиме дилемите во сопствениот двор, во рамките на Вреди. Да разјасниме дали сме или не сме Вреди, дали сме или не сме влада – порача Меџити.

Поврзани содржини
na