Меџити: Груби и Османи надвор од Влада
Јас со надлежност можам да зборувам за Скопје, Чаир, ограноци кои се важни и придонесувале во ова победа со 1/3 на гласовите. Мислам дека Груби и Османи не се тие кои кредибилно можат да го застапат електоратот на ДУИ во Скопје - вели Меџити.
Потпретседателот на ДУИ Изет Меџити смета дека првиот вицепремиер Артан Груби и министерот за надворешни работи Бујар Османи не им е место во Владата. Тој во интервју за ТВ21 вели дека не гледа итна потреба за реконструкција на Владата, но доколку дојде до тоа, смета дека првиот вицепремиер, Артан Груби, и МНР, Бујар Османи, не треба да останат на нивните функции.
– Јас со надлежност можам да зборувам за Скопје, Чаир, ограноци кои се важни и придонесувале во ова победа со 1/3 на гласовите. Мислам дека Груби и Османи не се тие кои кредибилно можат да го застапат електоратот на ДУИ во Скопје – вели Меџити.
Не се во прашање само имињата, туку и владината и програмата на ДУИ, како што вели Меџити, барајќи да се отвори дебата за изнесување аргументи. Меѓу неговите сомнежи е и малиот број на вработени Албанци во институциите.
– Вицепремиерот управува со Политичкиот систем, колку политички прашања се унапредувани во текот на овој период, колку капитални инвестиции има во овој период, како стоиме со прашањето на дисперзија на вработените за кои се зборува но и тоа не беше завршено, колкав е процентот на вработените Албанци во владините органи, министерства, управи, агенции. Врз основа на информациите со кои располагам, нивниот број е многу мал – додаде Меџити.
Меџити вели дека незадоволство гледа и во другите ограноци на партијата, за кои не сакаше да зборува, бидејќи им остава на нив простор за тоа. Секако дека необединувањето на ДУИ може да направи штета на локалните избори и тоа може да оди во интерес на албанската опозиција, но според него, одговорни за тоа се тие кои ги водат процесите.