МЕЏИТИ ДОБИВА ЗАСИЛУВАЊЕ Еден од основачите на новата партија ќе биде и Кастриот Реџепи
Реџепи на социјалните мрежи се пофали дека ќе биде еден од основачите на новото политичко движење.
Поранешниот пратеник на Движењето Беса, а моментално независен пратеник, Кастриот Реџепи, соопшти дека ќе биде дел од новата политичка партија којашто ќе ја формира Изет Меџити.
Реџепи на социјалните мрежи се пофали дека ќе биде еден од основачите на новото политичко движење.
„Јас го поддржував во текот на, да речеме, неговата внатрешно-политичка борба, ќе продолжам да го поддржувам и на неговиот пат и најверојатно ќе бидам еден од основачите на новото политичко движење“, напиша Реџепи.
Инаку, Изет Меџити, еден од членовите на досегашната фракција внатре во ДУИ и пратеник, за МИА потврди дека од денеска ја почнува процедурата за формирање на ново движење.
– Сѐ уште не сме размислувале за името на движењето. Дебатата е отворена и очекуваме да стигнат иницијативи од граѓаните – изјави Меџити за МИА.
„ОГНЕНИТЕ“ ФОРМИРААТ ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА Меџити очекува од граѓаните да предложат име