МЕЏИТИ БАРА РАЗУМ ОД АХМЕТИ Бара да ја смири топката со „огнените“

1,158

Расколот во ДУИ меѓу „огнената група“ и групата „Ахметисти“ секој ден е сѐ поголем. Потпретседателот на ДУИ, Изет Меџити, го повика лидерот на партијата Али Ахмети да не носи избрзани одлуки, туку да ја врати расправата во органите на партијата, објави Алсат-М.

– Повикувам на разум и на совест и да се врати дебатата во партиските органи, со конкретни аргументи за излез од оваа настаната ситуација – рече Меџити.






Во врска со назначувањето на Бујар Османи за политички координатор во огранокот на ДУИ во Чаир од страна на Али Ахмети, Меџити рече дека оваа постапка е недемократска и спротивна на статутот на ДУИ.

Во меѓувреме новиот владен партнер, Алијанса за Албанците, како што јавуваат медиумите на албански јазик, направила список на директори на институции коишто ќе му ги предложи на премиерот Димитар Ковачевски, а на чие чело не се само членови на Алтернатива, туку има и членови на „огнената група“ на ДУИ.

Поврзани содржини