МЕЏИТИ АНГАЖИРА СВЕТСКИ ПОЗНАТИ АРХИТЕКТИ Бајрам Вардар со тим експерти подготвува визионерски Мастер план за Чаир

Екипа турски експерти предводена од Бајрам Вардар ќе изработи Мастер план за општина Чаир, со цел современ и одржлив урбан развој.

310

Екипа експерти од Турција, предводена од Бајрам Вардар кој има потекло од Скопје, е ангажирана за изработка на развојниот Мастер план на кандидатот за градоначалник на Чаир, актуелниот вицепремиер и министер за животна средина Изет Меџити.

Според соопштението до медиумите, целта е да се искористи искуството на турските експерти во урбанистичко планирање, архитектура и просторно управување за да се обезбеди модерен и одржлив развој на општината. Тимот ќе работи со локални архитекти и урбанисти, а Мастер планот треба да позиционира Чаир како пример за урбан развој во Скопје.






Меѓу експертите кои ќе придонесат се Надир Доган, урбанист со големо искуство во проекти за Истанбул, Бурса, Кожаели и Трабзон, и др. Мустафа Тутар, архитект со дипломи од Истанбул и САД и основач на компанијата „Saydam Tasarım“, кој има реализирано над 800 меѓународни проекти во областа на архитектонски дизајн и визуелизација.

Бајрам Вардар, кој бил дел од тимот на Реџеп Таип Ердоган за урбан развој во Истанбул и главен урбанист на Бурса, во разговор со Меџити истакна дека предизвиците во Чаир се слични како во големите турски градови.

– Ќе изработиме Мастер план за Чаир, заедно со граѓаните и дополнително ќе изработиме план за имплементација. Потоа ќе ги развиеме и столбовите на овој Мастер план – рече Вардар.

Вицепремиерот Меџити порано овој месец на својот фејсбук профил го потврди ангажманот на светски познатиот турски архитект, нагласувајќи дека соработка од ваков ранг ќе донесе нови стандарди на урбаниот развој во Чаир.

Поврзани содржини