МБАПЕ МУ ОБЈАВИ ВОЈНА НА ПСЖ Не му простува ниту едно евро

159

Во хотелот „Пулман“ во подножјето на Ајфеловата кула во Париз, адвокатскиот тим на Килијан Мбапе одржа прес-конференција на која му објави војна на Пари Сен Жермен.

Адвокатите на Мбапе најавија покренување граѓанска и кривична постапка, како и работен спор и анализа од Европската фудбалска асоцијација за спорот што Мбапе го имаше со Пари Сен Жермен поради долгови за кои играчот верува дека клубот му ги должи.






Адвокатите најавија и дека ќе бараат да му биде одземена лиценцата на Пари Сен Жермен за настап во Лигата на шампионите доколку не ги плати долговите.

Адвокатката Делфина Верејден најави дека ќе бидат преземени сите законски чекори за наплата на 55-те милиони евра.

– Процесот започна во февруари 2024 година, а Пари Сен Жермен не ги исполни своите договорни обврски. Килијан Мбапе дојде во Пари Сен Жермен во 2017 година. Тој потпиша договор кој беше продолжен до 2022 година на две сезони. Потпишани се два договори кои беа исполнети, но не беа платени. Тие 55 милиони евра недостасуваат – изјави таа.

Верејден ги критикуваше и комисиите кои се прогласија за ненадлежни иако претходно го поддржаа нејзиниот клиент. Таа потврди и дека имало состанок меѓу Мбапе и францускиот министер за спорт за да се преоцени спорот.

Извести и за средбата со УЕФА. Осврнувајќи се на прописите кои наложуваат клубовите да ги подмират обврските кон играчите за да ги исполнат условите за добивање лиценца, таа нагласи дека смета дека Пари Сен Жермен не го исполнува овој услов и нема право да игра во Лигата на шампионите додека не ги подмири долговите.

Адвокатите побараа и од Француската фудбалска федерација да стапи во контакт со УЕФА и да побара преглед на случајот.

Спорот меѓу Мбапе и Пари Сен Жермен трае откако тој замина во Реал Мадрид како слободен играч во летото 2024. Според последната одлука за овој случај (ноември 2024 година), донесена од Комитетот за жалби на Француската фудбалска федерација, Пари Сен Жермен е обврзан да му плати на Мбапе 55 милиони евра.

Поврзани содржини