Мбапе имал невообичаено барање до главниот судија
Напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе, според романски „Дигиспорт“, имал необично барање за главен судија Овидиу Хатеган, додека сè уште постоеше можност натпреварот да продолжи синоќа.
Цела фудбалска јавност зборува за судијата Себастијан Колтеску од Романија, поради чии расистички навреди кон фудбалерот Пјер Вебо, играчите на ПСЖ и Башакшехир решија да го напуштат мечот.
По неколку минути дискусија на теренот, екипите се повлекоа од теренот, натпреварот не продолжи, а остатокот од натпреварот ќе се игра денес во сосема поинаква постава на судии.
Напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе, според романски „Дигиспорт“, имал необично барање за главен судија Овидиу Хатеган, додека сè уште постоеше можност натпреварот да продолжи синоќа.
Тој наводно го замолил Хатеган да му покаже црвен картон на својот колега и со тоа да го испрати надвор од теренот.