МБАПЕ ЈА ПОБЕДИ БИТКАТА СО ПСЖ Клубот треба да му плати 55 милиони евра на фудбалерот
Лигата ја донесе одлуката еден ден откако Килијан Мбапе ја одби понудата комисијата да посредува во спорот со неговиот поранешен клуб. Актуелниот француски првак, меѓутоа, ја оспори одлуката на раководството на Лигата и спорот ќе се решава на суд.
Правната комисија на француската фудбалска лига му наложи на ПСЖ да му плати на фудбалерот Килијан Мбапе 55 милиони евра неисплатени плати, соопшти денеска лигата.
Лигата ја донесе одлуката еден ден откако Мбапе ја одби понудата комисијата да посредува во спорот со неговиот поранешен клуб. Актуелниот француски првак, меѓутоа, ја оспори одлуката на раководството на Лигата и спорот ќе се решава на суд.
Францускиот репрезентативец Мбапе ова лето се пресели од ПСЖ во Реал Мадрид.
МБАПЕ БАРА 55 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ЗАОСТАНАТИ ПЛАТИ И БОНУСИ Замина во Реал, ама го тужи ПСЖ